X
 28.06.2020 Образование

Најдобрите универзитети основани во златната доба на високото образование (1945-1967)

„Тајмс хајр еџукејшн“ секоја година прави повеќе листи со најдобри универзитети во светот. Ранг-листата наречена „Златна доба“ ги рангира универзитетите што биле основани пред повеќе од 50 години, а помалку од 80 години.

Периодот помеѓу 1945 и 1967 се смета за златна доба на високото образование на глобално ниво и се карактеризира по основањето многу универзитети и зголемување на инвестициите за истражување низ светот.


Фото: Pixabay

На ранг-листата со најдобри универзитети основани во златната доба се наоѓаат 22 универзитети од САД, а 24 универзитети од Велика Британија. Индија има дури 15 институции. На првото место се најде Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, од САД.

Листа со 10 најдобри универзитети основани помеѓу 1945 и 1967

1. Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, САД
2. Национален универзитет во Австралија
3. Кинески универзитет во Хонгконг
4. Национален универзитет во Сеул, Јужна Кореја
5. УНСВ Сиднеј, Австралија
6. Универзитет „Монаш“, Австралија
7. Универзитет во Ворвик, Велика Британија
8. Универзитет за наука и технологија во Кина
9. Универзитет во Калифорнија, Ирвин, САД
10. Слободен универзитет во Берлин, Германија

Извор: timeshighereducation.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование