X
 19.08.2017 Живот

Значењето на „Ринге, ринге, раја“ - песната со која пораснавме

„Ринге, ринге раја, дош'о чика Паја...“ е песна со која пораснавме сите. Ја сакавме, ја пеевме, им ја пееме и на нашите деца, но вистината што се крие зад неа не е ниту малку весела.

Имено, оваа песна потекнува од песна од 17 век што во Лондон се пеела и се однесувала на чумата, болест што однела многу животи.

Меѓутоа, песната настанала пред тоа.

„Ring“ на англиски значи прстен или круг, „a ring of roses“ - црвен прстен или прстен од ружи и ги означува првите симптоми на болеста - црвени кругови на кожата.

Изворно, песната на англиски звучи вака:

„Ring-a-ring o' roses,
A pocket full of posies,
A-tishoo! A-tishoo!
We all fall down.

Cows in the meadows
Eating buttercups
A-tishoo! A-tishoo!
We all jump up“.

Првата строфа раскажува за болеста и умирањето, а втората за лекот и оздравувањето: кравите во ливадата пасат глуварче, апчиха, и сите скокаме...

Во песната се споменуваат два цвета - ружата и глуварчето. Едниот е со црвена боја, како црвените прстени што ги претставуваат симптомите на чумата, а другиот цвет е жолт и традиционално се користи како лек против настинка, воспаление, ревма, иритација на кожа и слично.

Песната се пеела слично како и кај нас: децата се фаќале за рацете и формирале круг околу едно дете, играле околу него и ја пееле песната. Оној што е најбавен во кругот, во следниот круг стои на средина и станува ружа.

Симболично, детето во средина ја претставува заболената личност, сама, изолирана. Во подоцнежните верзии, детето што стои во средината на крајот од песната бакнува некого од кругот и така го „заразува“ за тој да стане ружа и да ги заменат местата.

Така настанала песната „Ринге раја“, која имала многу препеви и верзии на различни јазици, па така прстенот од ружи станал Чика Пајо што носел јајца од кои едно било расипано.

Се смета дека ова во почетокот било детска игра околу ружата, што пагански било симбол за живот, светлина, надареност со натприродни моќи.

Кивањето што се споменува во песната го симболизира излегувањето на душата од телото. Паганските народи верувале дека душата може да ни побегне од телото при многу силно кивање, поради што се развил и обичајот за време на кивањето да се става раката на устата и носот.

Подоцна, многу подоцна, со откривањето на бактериите и вирусите, ставањето на рацете на устата станало начин да се спречи ширењето на болестите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот