X
 19.08.2018 Живот

Собрани повеќе од 4,6 милиони одговори на прашањето за летното сметање на времето

Европската комисија го затвори јавното советување за летното сметање на времето во кое од сите 28 членки на Европската унија беа собрани повеќе од 4,6 милиони одговори.

Советувањето започна на четврти јули, а европските граѓани имаа можност да потполнат интернет прашалник за да го кажат своето мислење за тоа прашање.

Советувањето е дел од проценката на Директивата на ЕУ за летното сметање на времето, кое Комисијата го сроведува на барање на Европскиот парламент. Целта е да се истражи дали треба да се менуваат правилата. Комисијата сега ќе ги анализира добиените одговори, а по одреден период ќе објави извештај за резултатите.

Летното сметање на времето е воведено во неколку европски земји поради заштеда на енергија во текот на Првата светска војна. Европските прописи наложуваат часовниците во ЕУ да се поместат нанапред за еден час последната недела во март и да се вратат еден час наназад последната недела од октомври.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот