Продолжува акцијата со секое скенирање на QR кодот на врвот на Водно да засадите дрво, но сега со дополнителни нови можности - три месеци бесплатно користење на ProActive сметка на ПроКредит Банка со која станувате дел од одговорната заедница.
Иницијативата „И јас сум на Водно 2025“ е веќе во полн ек, оваа сезона со нова енергија и поширока мисија. Оваа година, настанот се организира во рамки на ProActive платформата на ПроКредит Банка со поддршка од Mastercard, обединувајќи ги физичката активност, еколошката свест и придобивките од дигиталното и одговорно банкарство.
Настанот се одржува секој четврток од 19 часот, со искачување до планинарскиот дом Даре Џамбаз на 1060 метри надморска височина, во организација на планинарскиот клуб H2O. Проектот е отворен за сите граѓани и има за цел да поттикне здрави навики, заедничко делување и одговорност кон природата.
Оваа сезона, секој скениран QR код на Водно се грижи за вас за сѐ околу вас:
• ПроКредит Банка и Mastercard засадуваат едно дрво во име на секој учесник, како дел од поширока еко-акција за обновување на опожарените подрачја во земјата. Минатата година преку оваа иницијатива беа засадени 9.000 дрвја.
• Учесникот добива три месеци бесплатно користење на ProActive сметката.
ProActive е многу повеќе од банкарска сметка – ова е платформа која ги поврзува личните финансии со општественото добро. Со отворањето на ProActive сметка, секој клиент станува дел од одговорната заедница на ПроКредит Банка, а банката одвојува 30 денари од месечната членарина за поддршка на општествено одговорни проекти.
ProActive доаѓа во пакет со многубројни поволности и дебитна премиум биоразградлива Mastercard World картичка која нуди:
• Бесплатен пристап до деловни салони на над 1.500 аеродроми преку LoungeKey
• Роаминг поволности со Mastercard Global Data Roaming
• Неограничени повлекувања на денари од секој банкомат, без провизија
• Бесплатно повлекување на евра од банкоматите на ПроКредит
• Неограничени трансфери во земјата, без провизија
Покрај искачувањето на планината, настанот „И јас сум на Водно“ секој четврток нуди едукативни работилници на теми како: планинарење, кампување, здрава исхрана, прва помош и екологија, како и музичка програма и можност за дружење со панорамски поглед кон градот
Организаторите од Планинарскиот клуб H2O апелираат за одговорно учество во оваа акција:
• Учеството на настанот се одвива на сопствена одговорност
• Да не се користат моторни возила бидејќи рампата на Средно Водно ќе биде затворена
• Да се носи соодветна опрема (планинарски обувки, челна ламба, вода, наполнет мобилен)
• Да не се оставаат отпадоци, да се однесуваме одговорно кон природата
Сите се поканети за учество во иницијативата „И јас сум на Водно 2025“, бидејќи секој чекор се брои и секоја акција прави промена. Секој четврток – ПроАктивно на Водно!
(Комерцијална објава)