X
 19.09.2018 Живот

„Тиквешки точакџии“ во чест на Тоше возат од Нова Градишка до Крушево

Четворица велосипедисти, членови на „Тиквешки точакџии“ од Кавадарци, денеска ја почнаа турата „Од срце за Тоше“. Во наредните неколку дена тие ќе возат од Нова Градишка, местото каде што на 16 октомври 2007 година загина Тоше Проески, до Крушево, родниот град на големиот македонски пејач, јави МИА.

Пред почетокот на нивната спортска мисија, која подразбира возење околу 1.100 километри, кавадарчаните положија свежо цвеќе пред споменикот на Тоше во Нова Градишка.

Драган Јованов, Марјан Хаџи-Мустафов и Тони Стефанов ќе возат велосипеди, додека нивниот другар Ѓорѓи Белевски ќе ги прати со автомобил.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот