X
 16.10.2016 Култура

Денес навршуваат 9 години од смртта на Тоше

На денешен ден пред 9 години на автопатот на автопатот кај Нова Градишка, Хрватска, животот го загуби најголемиот македонски талент и хуманитарец, Тоше Проески.

тоше


Со само 26 години, Тоше зад себе остави огромно музичко богатство. Тој не беше миленик само на македонската публика, туку и во другите балкански земји, а за ова говорат дуетите со Тони Цетински и Антонија Шола, албумите што се препеани на српски јазик, но и успешните концерти ширум Балканот.

На овој хуманитарец со ангелски глас несомнено му претстоеше и светска слава. Постхумно беше издаден и албумот на англиски јазик The hardest thing, но за жал овие песни фановите немаа можност да ги слушнат отпеани во живо. Иако беше славен, Тоше беше скромен и едноставен. Бројните хуманитарни настапи сé уште се паметат, а особено тој се грижеше за најмладите. Во 2003 година ја доби наградата Мајка Тереза, а УНИЦЕФ го прогласи за свој амбасадор.

По повод неговиот последен концерт и годинава на 5ти октомври македонските фанови организираа „Ѕвездено небо“ на плоштадот Македонија во Скопје и оваа убава традиција постои за да потсетува на „ѕвездените неба“ на неговите концерти и е доказ дека тој и понатаму живее во срцата на обожавателите.

За неговиот роденден, на 25 јануари оваа година беше објавена уште една нова песна на англиски јазик.


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура