Луксембург започна пилот-проект со два бесплатни автономни електрични автобуси во градот Еш, кои се дел од проектот на националната железничка компанија. Компанијата претставува тест-платформа за иднината на паметната мобилност.
Во употреба се пуштени два автономни, електрични автобуси кои се дел од градскиот превоз. Тие сообраќаат по улиците на градот во работни денови од 9 до 14 часот, на маршрута долга 5 километри, со максимална брзина од 25 километри на час. Овие возила претставуваат дополнување на редовниот градски превоз.
Возилата се опремени со сензори, ласери и уред за детекција на пречки на патот, поради што граѓаните се предупредени да не ги преминуваат улиците пред овие возила.
Иако автобусите се без возач, законските прописи налагаат присуство на возач во возилото поради можни изненадни ситуации. Овие возила се наменети да го дополнат, а не да го заменат постојниот начин на движење.
Извор:
Rts.rs
Фото:
Instagram