X
 19.10.2025 Живот

Кога е најдобро време за вечера?

И покрај општото мислење дека вечерата по 19:00 часот не се препорачува, не постои универзално одредено време што им одговара на сите бидејќи сè зависи од вашите специфични потреби. Затоа, пред да одлучите драстично да ја промените вашата исхрана, прочитајте што велат експертите за тоа како да го пронајдете најдоброто време за вечера.

Кога е најдобро време за вечера?

Краткиот одговор е - зависи од личноста. Ванеса Рисето, регистриран диететичар, објаснува дека различни фактори, како што се возраста и начинот на живот, влијаат кога треба да го јадете последниот оброк во денот.

-Ако работите во смени, на пример, и сте будни додека сите други спијат, вашиот распоред на јадење ќе биде различен. Како општо правило, препорачувам да јадете во рок од два часа по будењето, а потоа на секои три до четири часа - вели Рисето.

Иако студиите покажуваат дека вечерата помеѓу 17 и 19 часот е добра за целокупното здравје, ако тоа не ви функционира, таа препорачува да престанете да јадете најмалку три часа пред спиење за да избегнете проблеми како што е рефлуксот на киселина.


Како да го пронајдете совршениот распоред за вечера?

Постојат неколку фактори што треба да се земат предвид при креирање план за оброци што можете да го следите. Вашата работа, нивото на глад, терапијата што ја земате, дневните активности и другите навики треба да се земат предвид кога се одлучува кога да се јаде.

Идеално е да се јаде на секои три- четири часа, со пауза од два до три часа пред спиење, но поважно од времето за вечера е здравата вечера. Ова има многу придобивки, вклучувајќи стабилно ниво на шеќер во крвта, одржување на тежината и подобар сон.

Слушајте го вашето тело. Ако имате избалансирани оброци и ужини во текот на денот, вашето тело ќе ви каже сосема јасно кога е време за вечера. Овие сигнали за глад можат да му помогнат на секого да одлучи кога  би била најпријатна вечерата.

Храна што треба да се избегнува пред спиење

Масната храна останува во желудникот подолго и може да предизвика непријатност ако се јаде предоцна, што го нарушува сонот. Храната со многу кофеин исто така може да биде тешка, па луѓето кои се чувствителни на кофеин можеби нема да можат да ја толерираат пред спиење.

Не постои универзално најдобро време за вечера - најважно е да ги внесувате храната и хранливите материи што ви се потребни за вашето целокупно здравје секој ден.

Извор: avaz.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот