X
 19.11.2018 Економија

Џеф Безос: „Амазон“ ќе пропадне и ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, изјави нејзиниот основач Џеф Безос одговарајќи на прашање за иднината на компанијата на неодамна одржаниот состанок со работниците.

- Предвидувам дека „Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира. Ако ги погледнете големите компании, нивниот животен век обично трае околу 30, а не сто или повеќе години - истакна Безос.

Најбогатиот човек на светот ги утеши работниците дека компанијата сепак има задача да ја одложи таквата судбина колку што е можно подолго.

  - Ако се фокусираме на себе наместо на нашите клиенти, тоа ќе биде почеток на крајот. Мораме да се обидеме да го одложиме тој ден колку што е можно подолго - нагласи Безос.

И покрај неверојатниот успех на „Амазон“, работниците се загрижени дека компанијата драстично се зголемила, но и поради анимозитетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија