X
 04.10.2018 Економија

Реакцијата на вработените во „Амазон“ на веста за покачување на платата

Од „Амазон“ соопштија дека од следниот месец ќе ја покачат минималната плата на 15 долари за час за сите работници од САД. Промената ќе опфати 250.000 вработени, вклучително и оние што работат со скратено работно време и луѓе вработени преку агенции за привремено вработување.

Дејв Кларк, потпретседател на „Амазон“, одговорен за оперативно работење, ја кажа веста за зголемување на платите пред стотици вработени во магацин во Јужна Калифорнија.

На социјалните мрежи се појави снимка од моментот, на која може да се види како вработените реагираат на убавата вест.

Погледнете.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија