X
 19.11.2018 Живот

Истражување во Србија: Зошто сите ја мразат?

Србија за многумина на Запад ќе биде земја која во сите светски војни учествувала на погрешна страна - на страна на непријателите.

- Пред некој ден запознав Kанаѓанец кој мислеше дека Србија беше на страната на Централните сили во Првата светска војна. Кога го коригирав, дека Србија беше на страната на Сојузниците и дека во таа војната изгуби 30 отсто од населението, се извини: „Прости, поради деведесеттите години Србија автоматски ја толкуваме како непријател“. Вака гласи твитер-објавата на Филип Ејдус, вонреден професор по безбедносни студии на Универзитетот во Белград.

Како бомба одекнаа случувањата од Пари, кога светскиот државен врв одбележа 100 години од крајот на Првата светска војна. На оваа церемонија Србија, на некој начин, беше заборавена, запоставена, понижена - наводно само поради азбучниот редослед на седење. Како и да бил направен распоредот, едно е сигурно - на централната страна на трибината не беше Србија.

србија
Фото: Pixsell


Многу Срби се почувствуваа навредени. И со право. Но, Србите како нација не се сосема свесни за сликата што постои за нив во светот. Сликата за Србите, лошите момчиња. За многу тоа е неправда, но за обичните жители на Западот случувањата од 90-тите години се првото нешто што ќе им падне на памет и она врз што ја градат својата слика за Србија и Србите.

Се чини дека тој непознат Канаѓанец во две реченици го кажа она што Србија, ни речиси три децении подоцна, не може или не сака да го сфати - дека нејзината улога во воените случувања беше огромна и дека суштински не се огради од минатото. Затоа и е за жалење тоа што историската улога на Србија во Големата војна значително помалку ќе се помни од онаа што ја имаше во раните 90-ти.

Со други зборови, помеѓу херојот и непоколебливиот борец на вистинската страна во Првата светска војна и етикетата на агресор од 90-тите години, ова второто е посилно.

Зошто е така?

Ејдус за српскиот „Блиц“ вели дека причините се релативно јасни.

- Репутацијата тешко се создава, со години, а лесно се руши - и тоа во еден ден. Како за поединци, така и за држави. Србија во текот на 90-тите години поради војните, национализмот и етничкото чистење целосно го уништи својот углед во светот. Поради тоа, разбирливо е што светот нѐ гледа низ таа призма на 90-тите. Мораме да признаеме дека и ние сме одговорни за тоа. Бидејќи на власт имаме луѓе што извршувале важни министерски функции токму во текот на 90-тите. Исто така, имаме и осудени воени злосторници кои се промовираат на јавни трибини. Значи, не направивме многу за да ја отстраниме таа стигма од 90-тите - објаснува Ејдус.

Историчарката Бранка Прпа за „Блиц“ нагласува дека е свесна за „грдото лице на Србија“, но дека историската улога на Србија во Првата светска војна не може да се поништи, без оглед на тоа што новите војни навистина ја посрамиле земјата.

- Многу е лошо како помина Србија по повод одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Големата војна. Без оглед на нашата блиска иднина, не смееше да се дозволи дипломатскиот третман на Србија на овој настан - вели Прпа.

Историчарката Дубравка Стојановиќ вели дека кога некој си го дозволува ова што го направи Србија, не треба да се чуди зошто толку лошо стои во меѓународната заедница.

- Не знам дали ние се преправаме дека ништо не знаеме или навистина ништо не знаеме, и не знам што од овие две е полошо. Дали навистина не знаеме која улога ја имаше Србија во војните од 90-тите и злосторствата направени во име на српскиот народ од Хрватска до Косово, или само се правиме луди? - вели Стојановиќ.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот