X
 20.01.2023 Живот

Најголемиот подземен трговски комплекс во светот

Во Канада зимите не се благи. Меѓутоа, за среќа, во Торонто има доволно простор каде што жителите може да се скријат од снегот и да избегаат од ниските температури. Поточно, тие имаат на располагање километри подземни пешачки патеки наречени ПАТХ (PATH).

Иницијативата почнала во 1900 година кога фирмата „Итон“ одлучила да ги поврзи своите продавници и оние од другата страна на улицата со подземни тунели. Следната фаза била довршена заедно со отворањето на железничката станица „Унион“ во 1927 година, во центарот на градот.

Еден од првите подземни тунели ја поврзувал оваа станица со хотелот „Фермонт ројал јорк“, а набргу системот на подземни патеки се проширил на 30 километри пешачка мрежа со ресторани и продавници. Дури 35 различни фирми донирале средства за проширување на подземната мрежа.



Во овие подземни ходници може да се влезе низ еден од 125 влеза, а шест се поврзани со станици за метро. Подземната мрежа овозможува пристап до многу туристички атракции во Торонто, а била запишана и во Гинисовата книга на рекорди како најголем подземен трговски комплекс во светот.

Подземните патеки не ја следат градската мрежа на улици, па затоа жителите ги користат и за да стигнат побргу до посакуваната дестинација, но и за да избегаат од ниските температури.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот