X
 20.03.2022 Живот

Европска држава гради пешачка патека по должината на целата земја

„Виа Трансилваника“ е името на новото шеталиште во Романија кое наскоро ќе биде целосно изградено. Тоа ќе биде долго дури 1.400 километри и ќе минува низ целата земја. Поточно, патеката ќе почнува на северната граница на Земјата и ќе оди до југозападната граница со Србија.

На ова пешачка патека ќе може да се видат разни дестинации, како трансилванските дворци, големи шуми и прекрасни градови. Шеталиштето се отвора со цел да се поттикнат повеќе луѓе да ја запознаат Романија.



Организацијата што стои зад изградбата на патеката објавува водичи поврзани со локалните жители, историјата, традицијата, природата, атракциите, рестораните и хотелите кои може да ги посетат туристите додека учествуваат во оваа пешачка авантура.

Патеката е поделена на делови, па така туристите може да одберат да го поминат оној дел што им е најинтересен. Секој дел ќе биде долг од 150 до 300 километри. Во изградбата на патеката се користат и постојни пешачки и велосипедски патеки и улици кои се споени во една долга патека.



Првите 1.000 километри веќе може да се користат, а последните 400 километри треба да бидат завршени до крајот на годинава.

Извор: Green
Насловна фотографија: Брашов, Романија/Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот