X
 20.04.2022 Живот

„Нетфликс“ ја разгледува опцијата за воведување реклами

„Нетфликс“ забележа пад во бројот на претплатници во првиот квартал од 2022 година, првпат во една деценија. Затоа компанијата размислува за воведување реклами, според извршниот директор Рид Хестингс.

Хестингс зборувал за потенцијалната промена по анализа на последните финансиски резултати на компанијата. Тој изјавил дека во минатото бил против воведувањето реклами, но сега го сменил погледот.

- Има смисла да им се дозволи на потрошувачите што би сакале да имаат пониска цена, а толерираат реклами, да го добијат тоа што го сакаат. Мислете на нас како отворени на опцијата да нудиме и пониски цени со реклами како една опција за потрошувачите - изјавил Хестингс.

Според него, доколку компанијата се одлучи на овој потег, таа не би ја тестирала опцијата, туку веднаш би ја вовела.

- Прилично е јасно дека функционира за „Хулу“. „Дизни“ го прави тоа. Ејч-би-о го правеше. Мислам дека нема многу сомнежи дека функционира. Сите тие компании го сфатиле тоа. Сигурен сум дека и ние ќе го сфатиме - изјавил тој.

Засега нема дефинитивен план за потенцијалната промена.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот