X
 20.05.2020 Живот

Естонија, Литванија и Латвија го формираа првиот „патувачки балон“ во Европа

Естонија, Литванија и Латвија го формираа првиот „патувачки балон“ во Европа, дозволувајќи им на нивните граѓани неограничен премин помеѓу трите балтички држави.

- Тоа ќе ни помогне да ги зачуваме работните места, барем некои - изјави Зидре Гавелиене, од Одборот за туризам на Литванија.

Естонија веќе ја проценува својата подготвеност да го прошири балонот за повеќе земји кои се наоѓаат подалеку.

Шпанија е уште една земја која размислува за олеснување на ограничувањата, со предложените „зелени зони“ кои овозможуваат патување во области со ниски стапки на заразени.

Зелените зони на државите ќе имаат дозвола да патуваат до и од други земји како нив.

patuvanje
Фото: Pixabay

- Она што го предлагаме е дека меѓународно, земјите треба да соработуваат за да овозможат патување во региони што се безбедни. На пример, шпанскиот остров Мајорка, каде вирусот е под контрола, може да се поврзе со, да речеме, Берлин, каде што вирусот исто така е под контрола - изјави Бери Праделски, од шпанскиот национален центар за истражување.

Во меѓувреме, Италија, една од најтешко погодените земји од Ковид-19, планира да ги отвори своите граници на меѓународните посетители на почетокот на јуни, а и ќе го укине 14-дневниот услов за карантин за луѓето што пристигнуваат во земјата.

Кафулињата, баровите и фризерниците повторно ќе се отворат наредната недела во обид да се врати економијата.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, рече дека ублажувањето на мерките е пресметан ризик и дека во сите области што ќе забележат значителни епидемии, ќе бидат вратени рестриктивните мерки.

Италија беше една од најтешко погодените земји со Ковид-19, со повеќе од 225.000 потврдени случаи и над 32.000 смртни случаи. Повеќе од 127.000 луѓе оздравеле.

Извор: Тvnz.co.nz
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот