X
 20.07.2019 Живот

Словенија ги забранува сообраќајните камери

Словенечката полиција во иднина нема да смее да ги снима регистарските таблички на возачите што ќе направат прекршок, одлучи Уставниот суд на Словенија.

Имено, уставните судии проценија дека снимањето на регистарските таблички е удар врз приватноста и со тоа се повредува правото на заштита на личните податоци.

Судот поништил дел од законот за полициски овластувања кој овозможувал воведување специјални камери и друг технички прибор за идентификација на регистарски таблички.

Сето ова било покренато од јавен правобранител, кој побарал став од Уставниот суд по бурните реакции во Словенија поради намерите на полицијата да ги казнува возачите откако на прекршителите ќе им бидат снимени регистрациите.

Од владата истакнуваат дека полициските службеници нема и не можат да ги снимаат лицата и дека камерите ќе се користат само во полициски возила и нема да бидат поставени на места покрај патиштата. Во меѓувреме, словенечката полиција веќе купи опрема и сега не се знае што ќе се случи со неа.

Таква опрема набавува и хрватската полиција.

Станува збор за најсовремена опрема која овозможува и снимање на сè што се случува истовремено на две сообраќајни ленти, а податоците безжично одат до централниот сервер. Таму полицијата може точно да ги види возилото и регистрацијата и потоа да бара од сопственикот податоци за возачот.

Дали и во Хрватска ќе има слична реакција како во Словенија, останува да видиме, а тамошната полиција во најавата за воведувањето на новите техники порача дека снимките ќе бидат корисни и за други полициски работи.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот