X
 29.06.2022 Наука

Што би се случило доколку изумрат осите?

Осите може да бидат непријатни, а нивниот убод е болен, но што би се случило со светот доколку ги нема?

Да ги нема осите, освен што би останале без еден вид инсекти, би останале и без комплексна заедница која има сличности со нас. Секоја оса има своја улога која мора да ја исполни, а тие и се попаметни отколку што мислиме. Некои оси меѓусебно препознаваат лица и според тоа препознаваат каде се наоѓаат во хиерархијата, како и дали другата оса е пријателска или непријателска.

Осите може и да се тренираат да најдат експлозив или дрога. Тие се многу важен предатор и нивната загуба би имала негативен ефект на екосистемот. Тие го чуваат растителниот свет, земјоделските култури, но и други суштества од пајаци, стоногалки, муви и друго.


Фото: Pixabay

Осите само во Велика Британија годишно ловат околу 14 килограми други инсекти, а повеќето им служат за хранење на младите. Така, без осите многу растенија би биле незаштитени.

Им се заканува сценариото на пчелите

Во последните 30 години значајно се намалил бројот на пчели поради употребата на пестицити и промените во агрикултурата и климата. Слично сценарио им се заканува и на осите, но јавноста често заборава на нив.

Истражувања покажале дека луѓето ги доживуваат пчелите на позитивен начин, но осите на негативен. Меѓутоа, според експертите тоа е неправедно бидејќи осите имаат некои исти функции во природата како и пчелите и исто така се опрашувачи.

Се проценува дека доколку осите не би постоеле би изгубиле над 100 различни видови орхидеи и смокви. Секој вид смоква има свој вид оса која ја опрашува, а над 1.000 видови тропски птици и цицачи се хранат со смокви.

Само еден отсто од осите во светот доаѓаат до вашата маса, а другите имаат битни функции во природата.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука