X
 20.07.2021 Здравје

Каде има најмногу, а каде најмалку вакцинирани против ковид-19 во Македонија?

Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните.

Последните анализи, информираат оттаму, покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следува Охрид со 42,9% и Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани има во следниве населени места: Дебар со 17,3% , Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:

Ресен - 39,8%
Битола - 38,9%
Неготино - 38%
Штип - 37,2%
Пехчево - 36%
Велес - 31%
Демир Хисар - 30,9%
Берово - 30,9%
Скопје - 30,8%
Валандово - 30,6%
Прилеп - 30,3%
Пробиштип - 29,7%
Крушево - 28,3%
Koчани - 25,3%
Свети Николе - 25,2%
Делчево - 24,9%
Виница - 24,5%
Крива Паланка - 23,9%
Радовиш - 23,2%
Струга - 23,1%
Куманово - 21,2%
Струмица - 19,4%
Кратово - 18,9%
Македонски Брод - 18,2%
Гостивар - 17,8%.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за медиумите порача дека вакцините се ефикасни и безбедни и дека единствениот начин да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број вакцинирани граѓани, само така може да се придонесе за создавање колективен имунитет и совладување на пандемијата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје