X
 20.09.2019 Живот

Како да го поддржите глобалниот штрајк за климата?

Минатата недела 16-годишната Грета Тунберг и стотици други млади активисти протестираа пред Белата куќа барајќи дејствување против климатските промени, Денес тие ќе им се придружат на илјадници друг млади и стари демонстранти низ светот кои ќе земат учество во штрајкот за климата. Но, што точно е штрајкот? И како можете да ги поддржите протестите доколку не сте во можност да им се приклучите?

Што е целта на штрајкот за климата?

Инспириран од минатогодишниот протест на Грета, целта на денешниот штрајк е освестување на луѓето за климатската криза во текот на деновите пред Самитот за климатски промени на ОН. Учениците денес ќе ги напуштат часовите за да го свртат вниманието кон кризата и да истакнат одредени барања.

Според „350“, непрофитна организација посветена на свесноста за климатските промени, најмалку 2.500 климатски штрајкови се регистрирани на глобално ниво.

Како можам да помогнам?

Ако сакате да штрајкувате, прво треба да разберете што значи тоа за вас и за вашата работа. Можеби првин треба да му предложите на некој надреден денес барем неколку часа да не работите во чест на штрајкот. Ова веројатно нема да ви успее ако работите за голема корпорација, но малите бизниси, како кафетерии, ресторани, барови или бутици, може да реагираат позитивно. Истото важи и за средните компании.

Алтернативна опција може да ви биде и користењето на паузата за ручек за да се приклучите во локалните демонстрации.

Убаво би било да ја истакнете поддршката и на социјалните медиуми и да помогнете во засилувањето на пораката на штрајкот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот