X
 15.11.2018 Наука

Најверојатно нема да дојде до ублажување на климатските промени

До посакуваниот степен на ублажување на климатските промени најверојатно нема да дојде бидејќи потрошувачката на енергија не се ограничува во согласност со Парискиот договор, вели климатскиот експерт Вофганг Крамер.

На дводневната средба на новинари од Медитеранот, Крамер потсети дека употребата на енергија е „срцето на актуелните климатски промени“ и изнесе процени дека според плановите на владите, до 2030 година таа ќе се зголеми за 40 отсто, додека поодлучни политики би требало да го задржат растот на потрошувачката на енергија на 20 отсто.

 - Потрошувачката на енергија, според конзервативно сценарио, до 2030 година на Средоземјето би можела да надмине 1,4 милијарда тони еквивалентна нафта, додека проактивното сценарио налага потрошувачка малку поголема од 1,2 милијарда - вели Крамер.

Тон еквивалентна нафта е количина енергија што се ослободува со спалување на еден тон сурова нафта и изнесува околу 11.630 киловат-часови.

Крамер додава дека без целосно исфрлање на јагленот од производството на енергија до 2050 година, за што исто така е потребно значително намалување на употребата на енергија, на Медитеранот нема да биде можно да се постигне одржлив развој.

Климатските промени особено го засегаат Средоземјето, каде што просечната годишна температура на воздухот се зголеми за 1,6 Целзиусов степен во споредба со 1880 година, додека светскиот просек е 1,2 Целзиусов степен, изјави тој.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука