X
 20.11.2019 Живот

Мојот син спие со баба му, нервозен е и не сака да се преселиме

Имам две дечиња, машкото има 5 години, а девојчето 3. Немавме услови дома, па машкото почна да спие со свекрвата кога останав бремена со девојчето. Но откако почна да спие со бабата, има чудни реакции. Ако не му се угоди нешто, тој вреска, пишти на цел глас мислиш го тепа некој, фрла предмети и веднаш почнува со изразите: „Те мразам тебе“, „Да одиш во шума“, „Ја сакам само баба ми“... Живееме со свекрвата во стан од 80 квадрати и пробуваме со сопругот да ѝ објасниме некои работи, но таа продолжува по свое. Проблемот е што сега ќе се селиме во нов стан за да живееме сами и неколку пати се обидувам на синот да му објаснам дека тоа е наш нов дом, дека ќе си има своја соба, ќе ја наместиме како што сака тој и сл., но тоа го доживува како траума и не сака да се преселиме. Вели дека ќе живее со баба му.

Ова е дел од прашањето на читателка упатено до психолозите, соработници на Деца.мк.

Одговорот на психологот Јана Зенговска прочитајте го на овој ЛИНК.

Јана Зенговска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот