Забележан е пораст на таканаречени „тивки повици“, односно никој не јавува, а исклучува во секундата кога ќе кажете „ало“. Иако изгледаат безопасно, експертите предупредуваат дека овие повици се дел од сè пософистицирани тактики на сајбер-криминалците.
Станува збор за автоматизирани системи што случајно одбираат броеви и бележат кои од нив се активни. Ако се јавите и зборувате, потврдувате дека бројот е во употреба и дека зад него стои вистинска личност. Таквите броеви потоа се продаваат на црниот пазар и се користат за фишинг-повици, лажни „банкарски“ повици, СМС-измами и напади засновани на клонирање на глас со помош на вештачка интелигенција.
Не се сите вакви повици скриени или од сомнителни броеви. Измамниците лесно го фалсификуваат идентитетот на повикувачот, па може да се појави име на банка, курирска служба или државна институција. Тоа не значи дека повикот навистина доаѓа од нив.
Тишината е намерна. Криминалците прават листа со активни броеви, го снимаат вашиот глас (доволна е и една секунда за создавање ВИ-клон) и го подготвуваат теренот за подоцнежни измами што можат да се случат дури и неколку месеци по „тивкиот повик“.
Како да се заштитите?
Ако се јавите и никој не ви зборува, веднаш прекинете го повикот;
Не изговарајте „да“ и не потврдувајте го вашето име;
Блокирајте и пријавете го секој сомнителен број.
Бидете особено внимателни ако наскоро следува „повик од банка“ или лажно известување за достава на пратка затоа што тоа често е следниот чекор од ова сценарио.
Експертите предупредуваат дека ова е само првиот чекор во синџирот од измами: тивките повици служат само за тестирање, а вистинската мета следува подоцна.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik