Претходни истражувања покажале дека гулабите може да ги разликуваат сликите на Пикасо од оние на Моне. Било утврдено и дека можат да бројат, да препознаваат рак на радиолошки снимки, да препознаваат зборови и имаат одлична меморија. Ново истражување покажало дека мозокот на гулабите функционира на сличен начин како и вештачката интелигенција.
Психолози од Универзитетот во Ајова го истражувале мозокот на гулабите со помош на сложени тестови на категоризација во чие решавање не би помогнало размислувањето на високо ниво, како користењето логика или заклучување. Наместо тоа, преку обиди и грешки, гулабите успеале да запомнат доволно сценарија во тестот за да го решат со околу 70 отсто точност.
Компјутерите функционираат на ист начин, односно се научени да препознаваат причини и објекти кои луѓето лесно ги препознаваат. Секако, компјутерите ги надминуваат способностите на гулабите. Меѓутоа, основниот процес на создавање асоцијации, кој се смета за техника на размислување на ниско ниво, е ист кај гулабите и вештачката интелигенција.
Ова значи дека гулаб би можел да победи човек во шах или видеоигра, вели авторот Ед Васерман, кој е професор по експериментална психологија на универзитетот.
Извор:
Green
Насловна фотографија: Pixabay