Кинески универзитет ги повикува студентите да уживаат во цвеќињата и да се вљубат за време на пролетниот распуст, како дел од иницијативата на државата за поттикнување на младите на брак и домашна потрошувачка.
Стручниот колеџ за авијација во Сечуан на својот официјален профил на кинеската апликација за пораки „Вичет“ објави дека темата на пролетниот распуст од 1 до 6 април е „Гледајте цвеќиња и уживајте во романтиката“.
Во известувањето, упатено до професорите и студентите, се препорачува да ги остават книгите настрана и да уживаат во слободното време.
Ова соопштение доаѓа по две недели откако кинеската влада воведе пролетен и есенски распуст, покрај традиционалниот летен и зимски распуст, со цел да се поттикне домашната потрошувачка и патувањата надвор од главната туристичка сезона.
Покраините Сечуан и источен Џангсу, како и градовите Суџоу и Нанџјинг, веќе најавија пролетни распусти закажани за април или почетокот на мај.
Властите очекуваат дека слободното време ќе поттикне и склучување бракови и раѓање деца, со оглед на загрижувачкиот пад на наталитетот
Во 2025 година бројот на населението во Кина се намали четврта година по ред, а експертите предупредуваат на понатамошно опаѓање на стапката на раѓања.
Националната комисија за развој и реформи издаде насоки за развој на градови приспособени за деца, вклучително и подобрување на образованието, здравството, спортските и рекреативните содржини.
Основачот на кинеската туристичка компанија „Трип“ и демографски експерт Џејмс Лијанг истакна дека е потребна поголема едукација на младите за општествените и личните придобивки од поголемите семејства, како и дополнителна финансиска поддршка од владата.
Извор:
021.rs
Фото: Freepik