Научниците предупредуваат дека „исходот“ можел да биде полош, иако овие два месеца се најлошите откако започнале да се водат евиденции.
Светот е на добар пат да види зголемување на бројот на опасни многу топли денови секоја година до крајот на векот, при што посиромашните, помали нации ќе бидат многу попогодени, според најнова студија. Но, напорите за ограничување на емисиите на гасови што ја задржуваат топлината, кои започнаа пред 10 години со Парискиот договор, имаа значително влијание. Без нив, Земјата би имала дополнителни 114 дена годишно од овие смртоносни екстра топли денови, покажала истата студија. Меѓународната група на климатски научници и американскиот „Клајмет централ“ се здружиле за да пресметаат, користејќи компјутерски симулации, колкава разлика направил овој значаен договор во однос на едно од најголемите климатски влијанија врз луѓето: топлотните бранови.
Извештајот покажува колку екстремно топли денови имало во светот, односно во повеќе од 200 земји, во 2015 година, како и колку има такви денови Земјата сега и што се предвидува според две идни сценарија. Едно сценарио е земјите да ги исполнат своите ветувања за намалување на емисиите и светот да се затоплува до 2100 година на 2,6 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа. Тоа додава 57 многу топли денови на она што Земјата го има сега, според студијата. Другото сценарио е за затоплување од 4 степени, кое светот беше на добар пат да го постигне пред Парискиот договор. Студијата открила дека тоа би го удвоило бројот на дополнителни топли денови.

- Ќе има болка и страдање од климатските промени. Но, ако ја погледнете оваа разлика помеѓу 4 степени и 2,6 степени, таа ги одразува последните 10 години и амбициите што ги поставиле луѓето. И тоа ме охрабрува - вели Кристина Дал, потпретседател за наука во „Клајмет централ“ и коавтор на извештајот.
Парискиот договор од 2015 година постигна напредок во борбата против климатските промени, но тој беше премногу мал, како и премногу бавен.
Извор:
vecernji.hr
Фото: Freepik