X
 21.11.2017 Живот

Ако сте добри во овие видеоигри, тогаш поседувате висока интелигенција

Игрите „Лиг оф леџендс“ или „ДОТА 2“ се комплексни и интерактивни и бараат интелектуал на високо ниво. Успехот во овие игри може да се спореди со IQ-успехот, велат научниците од Универзитетот во Јорк.

„Претходните истражувања покажаа дека луѓето што се добри во стратешки игри, како што е шахот, имаат повисоко ниво на интелигенција“, објаснува професорот Алекс Вејд и додава дека нивното истражување го поврзува успехот во видеоигрите со нивото на интелигенција.

Во двете игри учествуваат повеќе играчи во тимови, а игрите се играат онлајн. Целта на играта е со помош на стратегија да се победи противничкиот тим составен од пет играчи.

Во едно истражување тимот од Јорк успеал да го поврзе успехот во овие игри со стандардниот тест за интелигенција. Во другиот дел од истражувањето тимот анализирал податоци од над 1.000 луѓе што играле разни видеоигри.

Се покажало дека успехот во игрите „од прво лице“ нема поврзаност со интелигенцијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот