Една голема нова студија објавена во угледното списание „ПЛОС медицина“ покажува дека дури и најмалите количини чад од тутунот носат сериозни здравствени ризици - многу поголеми отколку што повеќето луѓе мислат.
И две цигари на ден го зголемуваат ризикот од смрт за 50 проценти
Научниците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ ги следеле здравствените навики на повеќе од 300.000 возрасни лица речиси 20 години и дошле до алармантен заклучок:
-Оние што пушеле само две цигари на ден имале 60 проценти поголем ризик од смрт од која било причина во споредба со луѓето што никогаш не пушеле.
-Во исто време, ризикот од срцеви заболувања бил за 50 проценти поголем.
Со други зборови, дури и минималното пушење - она што многумина го сметаат за безопасно - и тоа како влијае врз здравјето.
Зошто дури и мал број цигари се опасни?
Д-р Џенифер Миао, кардиолог на Универзитетот „Јејл“, објаснува дека чадот од тутунот го оштетува внатрешниот слој на крвните садови, го забрзува формирањето на плаки и го зголемува ризикот од срцева болест. Пушењето е поврзано и со нарушувања на срцевиот ритам, атријална фибрилација и мозочен удар. Ова значи дека не постои „безбедна доза“ на цигари. Дури и намалувањето на пушењето не е доволно - ризикот останува дури и 20 години подоцна.

Истражувањата покажале дека:
-Активните пушачи имаат најголем ризик.
-Дури и оние што се откажуваат од пушење задржуваат зголемен ризик од срцеви заболувања повеќе од 20 години по последната цигара.
Сепак, важно е да се нагласи: ризикот почнува да се намалува веднаш по престанокот, а телото има најголема корист во првите 10 години.
Препораката на експертите е: целта повеќе не е само да се намали пушењето, туку целосно да се престане.
Авторите на студијата апелираат до здравствените работници подетално да ги испитаат навиките на пациентите. Бројот на испушени кутии цигари годишн, не секогаш го одразува реалниот ризик.
Треба да се знае: колку често пуши некое лице, колку интензивно и колку долго.
Најважниот заклучок од студијата е дека е најдобро да се престане што е можно поскоро, но и дека секое откажување од пушењето моментално го намалува ризикот.
Извор: eklinika.telegraf.rs
Фото: Freepik