X
 21.12.2022 Образование

Талибанците го забранија високото образование за жените

Талибанската влада на Авганистан им забрани на жените да се запишуваат на универзитет. Ова го откри министерот за високо образование на Авганистан. Мерката стапува во сила веднаш.

Од враќањето на талибанската влада минатата година, на девојчињата им беше забрането да одат во средно училиште, а сега мерката се проширува и на високото образование.

- Тие го уништија единствениот мост кој можеше да ме поврзе со мојата иднина - изјавила студентка на универзитет во Кабул.

- Мора да одат во други исламски држави за да видат дека нивните мерки не се исламски - изјавила друга студентка.

Забраната е осудена од Обединетите нации и повеќе земји. За време на нивното претходно владеење, талибанците исто така не им дозволуваа на жените да добијат формално образование. Западните земји цела година бараат од владата на Авганистан да го подобри образованието за жените доколку сака да биде признаена како влада.

Меѓутоа, во соседен Пакистан, министерот за надворешни работи Билавал Буто Зардари изјавил дека иако е разочаран од одлуката на талибанците, тој смета дека е најдобро да се соработува со владата за да се постигнат посакуваните цели.

При враќањето на власт минатата година, талибанците ветиле дека нема да владеат како минатиот пат, но тие продолжуваат да ги загрозуваат правата и слободата на жените во државата. Минатиот месец на жените им беше забрането да посетуваат паркови, вежбалници и базени.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование