X
 22.01.2021 Економија

Просечната нето-плата за ноември е 27.588 денари - Најплатени се вработените во секторот информации и комуникации

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година изнесува 27.588 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата е 41.141 денар, објави Државниот завод за статистика.

Оттаму истакнуваат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.0. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (11.2 %), дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %) и образование (9.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.6 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.4 %).

Лидери во однос на нето-платата се вработените во секторот информации и комуникации, за кој е забележано дека просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во ноември 2020 година била 49.824 денари. Но, во овој сектор се издвојува компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просечна нето-плата за октомври во износ од 66.556 денари, додека другите се со помали примања. Во секторот образование наведено е дека во ноември просечната нето плата била 27.659 денари.

Фото: Државен завод за статистика

Во соопштението на Државниот завод за статистика се наведува дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.4. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (11.6 %), уметност, забава и рекреација (11.2 %) и образование (10.2 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.2 %), снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и рударство и вадење на камен (3.7 %).

Фото: Државен завод за статистика

Колку за потсетување, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година изнесуваше 27.899 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата беше 41.654 денари.

Насловна фотографија: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија