X
 17.12.2019 Живот

Работа од соништата - 600 фунти неделно за да скијате

Смачено ви е од вашата досадна канцелариска работа? Сакате да оставите сè и да почнете да патувате низ светот?

Сега можете.

Компанија за часови по скијање бара луѓе што ќе можат да поминат четири недели зимава рецензирајќи ги часовите. Часовите ќе се одржуваат насекаде низ Европа, а кандидатите што ќе бидат избрани ќе можат да патуваат на дестинации како австриските, француските, италијанските и швајцарските Алпи.

Најдобриот дел е што ќе бидете платени за целонеделно скијање.

Рецензентите ќе заработат 600 фунти неделно, како и бесплатни летови, сместување, билети за ски-лифт и ВИП спа-пакети.

Добро е тоа што не ни морате да бидете одличен скијач.

„Скибро“, компанијата што ги изнајмува рецензентите, вели дека сака скијачи од сите возрасти и со секакви способности, така што можете да се пријавите и доколку не сте скијале претходно.

Работата вклучува патување од четири недели помеѓу јануари и април 2020 година, комплетирајќи неделни часови на секоја дестинација. Неделите не мора да бидат една по друга и можете да изберете достапни датуми.

скијање
Фото: Dolomites image


Како дел од работата, ќе треба да ги ажурирате вашите профили на социјалните мрежи и да кажете како напредуваат лекциите, како и да направите влог со помош од професионален фотограф.

Звучи неверојатно, нели?

Но, тоа не е сè - избраните кандидати ќе имаат можност да си понесат друштво. Иако оваа личност нема да биде платена, ќе има бесплатни летови и сместување.

Не ви е потребно CV и нема долга апликација со безброј прашања. Сè што треба да направите е да го кажете вашето име, е-адресата и да напишете две реченици (максимум до 200 збора) за тоа зошто треба да ве изберат токму вас.

За да аплицирате, мора да имате над 18 години. Се преферира дозвола за работа во ЕУ, иако компанијата вели дека и оние што немаат може да аплицираат, но ќе мора многу да се потрудат да ги воодушеват за да добијат работна дозвола.

Крајниот рок за аплицирање е 24 декември.

ТУКА можете да аплицирате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот