X
 22.03.2019 Живот

Изгледот на домот на пушачите е подобар од која било антипушачка кампања

На социјалните мрежи „Редит“ и „Твитер“ се објавени многубројни фотографии што покажуваат како изгледаат становите во кои некогаш живееле пушачи.

Очекувано, најочигледните знаци дека во станот живееле пушачи се наоѓаат на ѕидовите, а корисниците на социјалните мрежи се обидуваат да погодат што се наоѓало на светлите делови.

What smoking cigarettes inside does to your walls. from r/mildlyinteresting
- Ова е ѕидот во спалната соба на роднина на мојата мајка, откако го тргнавме огледалото. Семејството не сфатило колку било лошо сè додека роднината не умре. Цела куќа беше ваква - пишува под една од фотографиите.

Интересно е што на некои фотографии се гледаат трагите од чадот од цигарите и на подот пред станот.

Seeing the smoke pattern on the floor coming from the apartment from r/mildlyinteresting
Не е пријатна ни глетката на перење завеси од вакви станови.

- Ако цигарите им го прават ова на ѕидовите по само една година, замислете што им прават на вашите бели дробови - порачува еден твитер-корисник.

Плафонот од пушачката зона на аеродром.
The ceiling of a smoking area in an airport from r/WTF
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот