X
 22.03.2021 Живот

Во Македонија лани биле регистрирани речиси 795 илјади вработени и 156 илјади невработени

Активното население во Македонија во 2020 година изнесувало 950.858 лица, од кои вработени 794.909 и невработени 155.949 лица, соопшти Државниот завод за статистика. Оттаму додаваат дека стапката на активност за тој период е 56,4, стапката на вработеност 47,2, додека стапката на невработеност изнесува 16,4.

Податоците покажуваат дека во 2020 година е зголемен бројот на работоспособно население во споредба со 2019 година. Така, во 2019 година имало 1.684.820 работоспособни лица, додека во 2020 година нивниот број изнесувал 1.685.589. Доколку ги погледнеме бројките на активно население, можеме да забележиме пад во бројот на вработени и во бројот на невработени лица. Така, за 2019 година бројот на активното население изнесува 964.014, од кои 797.651 вработен и 166.363 невработени. За 2020 година вкупниот број на активно население е 950.858, од кои 794.909 вработени и 155.949 невработени.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Вкупно 471.564 од вработените минатата година биле мажи, додека 323.344 жени. Од невработените, пак, 94.614 се мажи, а 61.335 жени.

Бројот на неактивно население е зголемен за повеќе од 14.000 во споредба со 2019 година. Така, во 2019 година тој број изнесувал 720.805, додека во 2020 година 734.731, од кои 277.529 мажи и 457.201 жена.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Доколку ги погледнеме податоците според возрасни групи, можеме да забележиме дека најголем број од вработените во 2020 година биле на возраст од 25 до 49 години (522.329), но кај таа возрасна група е забележан и најголем број на невработени (98.362). Во 2019 година бројот на невработени во таа старосна група бил 523.112, додека бројот на невработени 106.666.

Најголема бројка на неактивно население минатата година е забележана кај постарите од 65 години (240.270), но не е мал бројот и на неактивни млади лица на возраст од 25 до 49 години и изнесува 157.181. Во 2019 година бројот на неактивно население во таа возрасна група (25-49) изнесувал 148.518.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Насловна фотографија: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот