X
 25.01.2022 Живот

2021 ја завршивме со 130.982 невработени лица, од кои 75.235 се без образование и со основно

Минатата година сме ја завршиле со вкупно 130.982 невработени лица, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Најголем дел од невработените се без образование и со основно образование (75.235), а по нив следуваат оние со завршено средно (32.078), па невработените со нецелосно средно образование (12.626), невработените со високо образование (9.211), оние со вишо образование (1.099), магистрите на науки (715) и докторите на науки, кои се вкупно 18 на број.

nevraboteni-obrazovanie-1
Фото: Агенција за вработување (printscreen)
-за да ја видите во поголема резолуција, кликнете на сликата-

Прегледот на невработени според возрасната структура покажува дека на 31.12.2021 имало најмногу невработени на возраст од 55 до 59 години (19.155), па следуваат оние на возраст од 60 и повеќе години (16.751), па оние на возраст од 50 до 54 години (15.478), оние на возраст од 45 до 49 години (14.801), невработените на возраст од 40 до 44 години (13.165), потоа оние на возраст од 30 до 34 години (12.769), па оние на возраст од 25 до 29 години (12.599), оние на возраст од 35 до 39 години (12.093), претпоследни се оние на возраст од 20 до 24 години (11.863) и најмалку невработени се на возраст од 15 до 19 години (2.308).

nevraboteni-vozrast-1
Фото: Агенција за вработување (printscreen)
-за да ја видите во поголема резолуција, кликнете на сликата-

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот