X
 22.04.2019 Живот

Пчелите што живееле на покривот на Нотр Дам го преживеале пожарот

200.000 пчели што живеат на покривот на Нотр Дам го преживеале пожарот. Трите кошници биле поставени на покривот на катедралата во 2013 година за проектот за биолошка разновидност од Николас Жион. Тој изјави дека пчелите се во ред и го преживеале пожарот.

Секоја кошница произведува околу 25 килограми мед на годишно ниво, кој подоцна му се продава на персоналот на Нотр Дам. Николас изјави дека е исклучително среќен што неговите пчели го преживеале пожарот. Како што објаснува тој, инсектите немаат бели дробови. Наместо да ги убие, јаглеродниот диоксид  ги доведува во состојба на поспаност.

Кога пчелите ќе почувствуваат пожар, тие навалуваат на медот и ја чуваат својата матица, објаснува Николас.

- Мислев дека сите три кошници изгореа во пожарот. Но, подоцна видов сателитски снимки и ги забележав кошниците. Портпаролот на катедралата ми потврди дека пчелите се добро - вели тој.

snimka
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот