X
 22.05.2025 Живот

ДЗС: Просечната нето-плата за март изнесува 44.763 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2025 година изнесува 44.763 денари, соопштија од Државниот завод за статистика. Оттаму додаваат дека просечната бруто-плата за истиот месец е 67.240 денари.

Од ДЗС велат дека во март 2025 година, во споредба со март 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10,5%.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование за 15,8 %, рударство и вадење на камен за 14,1 % и административни и помошни услужни дејности за 12,5 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен за 12,3 %, уметност, забава и рекреација за 6,8 % и преработувачка индустрија за 6,4 % - стои во соопштението.

Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот