X
 22.06.2021 Живот

Неверојатно видео покажува како се гради 10-катница за само еден ден

Монтажните згради се дизајнирани да се направат прилично брзо - токму затоа се толку привлечни. Како и да е, тешко дека ќе најдете зграда што ќе биде изградена за толку кратко време како оваа неодамна завршена 10-катница направена од „Брод груп“ од Кина.

Зградата беше составена за нешто повеќе од еден ден, поточно за 28 часа и 45 минути.

Високата зграда е конструирана со употреба на монтажен градежен систем. Една од најпривлечните работи поврзани со овој систем е дека секој градежен модул ги има истите димензии како контејнерот за испорака кога е преклопен, што го прави лесен за транспорт приближно насекаде во светот со користење на постоечките методи на испорака.

Секој модул се состои од примарна структура од не'рѓосувачки челик кој вклучува жици, изолација и системи за вентилација. Едноставно кажано, основната идеја е да однесете група од овие модули со големина на контејнер до градилиштето и да ги поставите, прицврстувајќи ги на место. Потоа се поврзуваат со струја и вода и се подготвени за употреба.

Се разбира, како што може да се види на видеото подолу, за овој проект „Брод груп“ користи мала армија градежници и најмалку три кранови за да ги забрза работите и да ја заврши работата за кратко време.

Уште поамбициозно, „Брод груп“ смета дека системот може да се користи за изградба на згради високи 200 спрата.



Извор: Newatlas.com
Фото: Srceenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот