X
 22.07.2022 Живот

Просечната нето-плата за мај изнесува 31.407 денари, погледнете во кој сектор е највисока

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2022 година изнесува 31.407 денари, додека бруто-платата достигна 46.972 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2022 година, во споредба со мај 2021 година, изнесува 109,4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,7%), уметност, забава и рекреација (16,1%) и преработувачка индустрија (14,3%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (10,8%), трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,1%) и административни и помошни услужни дејности (1,4%).

Највисока просечна исплатена месечна нето-плата за мај е забележана во секторите информации и комуникации (60.269), финансиски дејности и дејности на осигурување (45.267) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (44.536 денари).

Според податоците на ДЗС, највисока просечна нето-плата во мај е забележана кај оние што работат компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и таа изнесува 80.804 денари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот