X
 22.08.2025 Економија

ДЗС: Просечната нето-плата за јуни изнесува 45.468 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2025 година, изнесува 45.468 денари, соопштија од Државниот завод за статистика. Оттаму додаваат дека просечната бруто-плата за истиот месец изнесува 68.340 денари.

Во соопштението се наведува дека во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8,4%.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование за 14,7%, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,7% и рударство и вадење на камен за 12,2%. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,5%, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,3% и транспорт и складирање за 2,1% - стои во соопштението.

Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија