Цените за изнајмување во големите градови низ светот нагло се зголемија во последните години. Рекордно високите цени на становите во комбинација со бранот работници што работат од далечина и се селат на нови пазари ја променија динамиката на издавањето. Истовремено, ограничената понуда дополнително ги влошува условите, зголемувајќи ги предизвиците за кираџиите во безброј региони.
На овој графички приказ, базиран на податоци од Дојче банк, може да се видат градовите со највисоки кирии во светот. Цените се изразени во номинални американски долари.
Ова е просечната месечна кирија за стан со една спална во центрите на градовите во 2025 година.
Денеска изнајмувањето стан во Њујорк чини просечно 4.143 долари, цена која во текот на изминатите пет години се зголемила за 22 %. И покрај егзодусот на работници за време на пандемијата, цените останаа високи поради големата побарувачка, многуте културни активности и позицијата на Големото Јаболко како глобален епицентар на финансиите.
Во меѓувреме, Бостон е на второто место со просечна месечна кирија од 3.394 долари. На третото место е Сан Франциско со 3.332 долари, каде што трошоците за изнајмување се зголемиле за само 1 % од 2020 година.
Сингапур го зазема четвртото место со просечна кирија од 3.167 долари и рекордно зголемување од 55 %, додека на петтото место е Лондон со просечна месечна кирија од 2.985 долари и зголемување од 39 %.
Насловна фотографија: Freepik