X
 15.06.2020 Економија

Овој град планира да ги откаже кириите за време на пандемијата

Благодарение на нова резолуција, градот Итака во американската сојузна држава Њујорк може да стане првиот американски град што ќе ги откаже кириите за време на пандемијата на коронавирусот.

Резолуцијата, која сѐ уште треба да биде одобрена од државата, не само што ќе го избрише долгот направен во текот на изминатите три месеци туку и ќе ги откаже плаќањата и за закупувачите и за малите бизниси во иднина. Ако стапи во сила, тоа ќе го направи овој град национален лидер додека во САД замав зема загриженоста поврзана со кириите.

Во една анкета од мај околу 20 отсто од возрасните Американци истакнале дека воопшто не верувале дека ќе можат да си ги платат кириите или заемите во јуни. Без олеснувања, аналитичарите предупредуваат дека бранот на иселувања што би следувал би бил катастрофален.

Затоа замрзнувањето на кириите во Итака може да ги подобри постојните мерки, на пр., привремената забрана за бркања, за која многумина велат дека е само одложување на проблемот, а не решение.

Со ослободување на граѓаните од плаќање кирија Итака може да им даде шанса да опстанат.

Извор и насловна фотографија: Futurism
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија