Ако патувате често, тогаш знаете колку може да трае чекањето на багажот на аеродромите. За да го спречите тоа следниот пат, применете ги овие трикови.
- Чекирајте се последни, за вашиот багаж да влезе последен во товарниот простор и со тоа да биде и прв при излегувањето.
- Земете бесплатна налепница „fragile“ и залепете ја на багажот. Така вашиот багаж ќе биде внесен последен, а тоа значи дека ќе биде меѓу првите кои ќе бидат ставени на лентата за преземање на багаж.
- Ако се плашите дека нема да имате доволно време за безбедносна проверка доколку се чекирате последни или меѓу последните, можете да ја искористите апликацијата „TripIt“ која ќе ви покаже колку време е потребно за завршување на сите процедури на аеродромот на кој се наоѓате.