X
 22.12.2021 Живот

„Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ во Музеј на Македонија

„Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена во Музејот на Македонија утре со почеток во 19 часот. Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски и Бојана Стојменовска.

- Инспирирани од интензивната дебата која се води на глобално ниво за улогата на жената во општеството, а соодветно и во професијата, овој проект има цел да ја истражи, документира, проучи и промовира улогата и делата на овие извонредни жени од практиката - планерки, архитектки и дизајнерки; да доведе кон подобро разбирање, поголема видливост и вреднување на архитектонското и културното наследство кое тие им го оставиле на идните генерации - стои во официјалниот опис на настанот.

Изложбата е резултат на едногодишниот проект од областа на културата и архитектурата насловен „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“, кој Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата го спроведе со финансиска поддршка од Амбасадата на Швајцарија во Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот