X
 22.12.2023 Живот

Грчка компанија им подарува бесплатно замрзнување јајце-клетки на вработените за Божиќ

Грчка компанија  им понуди бесплатно замрзнување јајце-клетки на своите вработени како подарок за Божиќ, по примерот на светските компании Епл, Гугл и Фејсбук, кои веќе ја усвоија оваа практика, пренесува АНА-МПА.

Грчката приватна здравствена компанија Генесис, со клиники во Атина, Тесалија и Крит, го избра овој подарок како симболичен гест за да даде пример за другите компании и да започне кампања за подигнување на свеста за прашањето на неплодност кај паровите, наведува агенцијата.

Одборот на директори на Генесис ја одобри можноста сите работници во клиниката да можат да ги замрзнуваат јајца-клетките бесплатно, дозволувајќи им да го одложат раѓањето на дете додека не се чувствуваат подготвени или додека животните околности не дозволат, се разбира во разумен временски период.

Неплодноста е чест проблем кој го погодува речиси секој шести пар, забележува АНА-МПА. Исклучувајќи ги патологиите кои ги засегаат двата пола, научните докази покажуваат дека репродуктивниот потенцијал на жените - во споредба со оној на мажите - е под влијание, во поголема мера и во порана фаза, од фактори поврзани со физиолошкиот развој, како што е возраста.

Плодноста е висока кај жените помлади од 30 години и значително се намалува по 35-тата година.

- Ова е иницијатива која многу ми се допаѓа како министер за труд. Тоа е убав подарок за вработените жени - рече министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис, кој присуствуваше на настанот посветен на божиќната иницијатива.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот