X
 23.02.2022 Живот

Почина академик Радован Павловски

Академик Радован Павловски почина вчера на 84-годишна возраст. Веста за смртта на поетот, есеист и патописец ја потврди и Македонската академија на науките и уметностите, во која тој беше редовен член од 2006 година.

Радован Павловски е роден на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река, од каде што потекнува, во подрачјето помеѓу Гостивар, Кичево и Поречје, во западниот дел на Македонија каде што го поминува своето детство. Основното образование го завршува во Железна Река, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1955 година се огласува со песни од Железна Река во весникот „Млад борец“ и во списанието „Млада литература“. Од 1956 до 1959 година, покрај редовните студии на Универзитетот, работи како новинар-преведувач на дневните вести на Радио Скопје. Од 1959 до 1962 година работи во весникот „Нова Македонија“ како новинар, преведувач и книжевен критичар на културните рубрики.

Академик Радован Павловски својот живот го посветува на поезијата, која ја твори повеќе од шест децении. Тој во континуитет во изминатите 6 децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН-центар, а бил и член на Сојузот на писателите на СФРЈ. Во 2006 година е избран за редовен член на МАНУ. Тој е добитник на низа значајни награди како „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „11 Октомври“ и низа други, како и на странските награди „Младост“, „Златна струна“, „24 Дисова пролет“, „Ристо Ратковиќ“. Потоа стихозбирката „Зрна“ е прогласена за најдобра книга од Југословенската радио-телевизија (ЈРТ, 1975), додека ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности (Хрватска, 1972). Академик Павловски во 1998 година се закити со светското признание за животно дело (АБИ – САД).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот