Ако си студент и бараш начин да заработиш, а притоа да стекнеш искуство - новиот Закон за работно ангажирање лица ти отвора реални можности.
Конечно, сезонската и повремена работа излегува од „сива зона“ и станува легална, едноставна и сигурна.
Што значи ова за тебе? Наместо неформални договори и несигурни услови, сега можеш:
- да работиш легално и без комплицирана администрација
- да добиеш
договорен и сигурен надоместок
- да добиеш
стаж за секој ангажиран ден
- да имаш
евиденција за твоето работно искуство без да ја загубиш стипендијата или правата од образованието.
Пријавувањето на работниот ангажман го прави работодавецот преку платформата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија е-Работа (
https://e-rabota.av.gov.mk/) брзо и без комплицирани процедури.
Флексибилност што ти одговара
Законот ти дозволува да:
• работиш кај повеќе работодавци во ист ден
• го усогласиш работното време со факултетот
• во договор со работодавецот избираш кога и колку ќе работиш.
Ова е особено важно ако сакаш да балансираш помеѓу предавања, испити, приватниот живот и работа.
Каде можеш да бидеш работно ангажиран?
• Угостителство и туризам (кафулиња, ресторани, хотели, пансиони, мотели итн.)
• Земјоделство
• Услуги (чување деца, помош во домаќинство, фотографирање на забави, анимирање на прослави итн.)
Токму овие сектори често бараат дополнителна работна сила - особено во одредени периоди од годината.
Зошто ова е добра вест за секој студент?
• заработуваш дополнителни средства
• стекнуваш
реално работно искуство
• развиваш
вештини што ќе ти користат и понатаму
• и сето тоа - со заштита, сигурност и без да ја изгубиш стипендијата, студентскиот оброк, семејната пензија или додатокот за образование.
Ова е чекор напред кон пофер услови за младите и појасни правила на пазарот на труд.
Твоја работа. Твои права. Твоја сигурност.
Барај ФЕР АНГАЖМАН.
Следи за новости и корисни информации:
https://www.facebook.com/crpm.org.mk
https://www.instagram.com/crpm.mk/