X
 23.04.2018 Живот

Наградна игра што може да ви овозможи дружење со глумците на „Игра на тронови“

Ѕвездата на мегапопуларната серија „Игра на тронови“, Емилија Кларк, ги повика сите љубители на серијата да се пријават за наградната игра што може да им овозможи присуство на снимање на серијата во Белфаст и дружење со глумците.

klark
Фото: YouTube/Printscreen

Наградната игра е овозможена од кампањата на интернет-платформата „Омазе“. Она што фановите треба да го направат е да уплатат средства за поддршка на фондацијата RCN (Royal College of Nursing) што се занимава со унапредување на здравјето и нега на болни лица, со промоција на науката, едукација на медицинските сестри и слично.

Сите што ќе ја поддржат кампањата се потенцијални добитници на наградата: патување во Белфаст и присуство на снимањето на финалната сезона на „Игра на тронови“.

„Во соработка со ’Омаз‘ се здруживме за да дадеме можност на еден среќен добитник и негов пријател, колега, сопруг, љубовник, куче, мајка, татко, сестра, брат или кој било што сака да го земе со себе, да нè посетат на сетот. Придружете ми се во подобрувањето на негата на болните лица“, порачува Кларк во промотивното видео.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот