X
 23.04.2022 Живот

Погледнете во внатрешноста на вселенскиот брод „Нептун“

Вселенскиот туризам веќе почна да се развива, а „Спејс перспектив“ е компанија што ќе ве однесе на одмор надвор од овој свет. Иако не е ни блиску да биде честа туристичка опција со оглед на тоа што еден билет чини 125.000 долари, можете да замислите како би изгледало патувањето.



„Спејс перспектив“ управува со „Спејсшип Нептун“, вселенско летало со внатрешност опишана како најсовремен „вселенски салон“. Компанијата во моментов прави виртуелни тури низ внатрешноста и погледот што ќе го добиете на патувањето можете да го погледнете подолу.


Цената од 125.000 долари ви овозможува шестчасовно патување надвор од атмосферата на Земјата, каде што панорамските прозорци на „Нептун“ од 360 степени им даваат на патниците поглед на Земјата и ѕвездите од сите агли. Врвната височина е на 30 километри, над 99 отсто од атмосферата на Земјата. Исто така, „Нептун“ тврди дека е единствениот јаглеродно неутрален начин за патување во вселената.



Во внатрешност на вселенското возило има столови, маси, каучи и мени за коктели. Има и бања со светларник, така што луѓето можат да уживаат во погледот. Откако ќе ги погледнете сликите, можете да направите виртуелна обиколка на вселенското летало на веб-страницата на „Спејс перспектив“.

Извор: Ign.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот