X
 06.09.2020 Култура

Документарец на „Нетфликс“ ги открива најтемните моменти од лансирањето на „Челенџер“

Ако сте доволно возрасни да се сеќавате на 1986 година, тогаш веројатно знаете за експлозијата на вселенскиот брод „Челенџер“. Генерацијата Х и постарите милениумци веројатно ќе можат да ви кажат каде биле тој кобен ден кога се емитувало лансирањето на вселенскиот брод на НАСА. Вселенскиот брод експлодира 73 секунди по полетувањето, при што загинаа сите седум члена на екипажот.

Продуциран од Џ. Џ. Абрамс и Глен Зипер, документарецот кој ќе биде во четири дела ветува дека ќе го анализира фатално погрешниот процес на одлука што довел до експлозија, како и членовите на екипажот што ги изгубиле животите тој ден.

Премиерата на документарецот „Челенџер: Последниот лет“ ќе биде на 16 септември на стриминг-платформата „Нетфликс“.



Извор: Mashable
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура