X
 23.04.2024 Живот

Првин плачеше зашто не сакаше да оди во училиште, а сега нонстоп плаче по баба ѝ, не сака да си оди од кај неа. Како да постапам?

Ќерка ми има 6,5 години и е прво одделение. Почна со убаво да оди, но потоа почна да плаче и да не сака да оди во училиште. Освен што наутро одевме со плачки и дома само тоа го зборуваше - дека не сака и не треба да оди. Инаку е многу мирно дете, секогаш е пофалувана од наставничките дека педантно и убаво работи, послушна е и соработува со нив. За време на зимскиот распуст ја чуваше баба ѝ и многу се поврза со неа, штом ќе си дојде дома, плаче за неа, сака повторно да оди или таа да дојде, живееме во различни куќи, а во ист двор. Некако стана опседната со неа. Баба ѝ ја зема од школо и кога ќе си дојдеме со сопругот од работа и ќе ја земеме дома, почнува да плаче по баба ѝ. Не ја интересира ништо друго, дури како да има некоја одбивност кон мене. Плачењето за во школо го замени со плачење по баба ѝ. Не знам како да постапам, се чувствувам како да не си го познавам детето, како да го губам.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот