X
 23.06.2019 Живот

Виена издвојува 8 милиони евра за засадување нови дрвја

На подрачјето на градот Виена има околу 480.000 стебла, но сè позелената австриска метропола, која одлучно се бори против климатските промени, сака уште повеќе!

Загадувањето на воздухот е голем проблем за големите градови, па градските власти во Виена одлучија да засадат голем број нови дрвја, а за таа намена, како и за одржување на постојаното зеленило, во 2019 и 2020 година ќе издвојат 8 милиони евра. Според најавата, акцијата за засадување нови стебла ќе почне во областите на Отакринг, Леополштад и Фаворитен.

Градската администрација во Виена е свесна дека дрвјата во градовите имаат многу важна улога, особено во густо изградените градски средини каде што служат како еден вид „климатизација“ и придонесуваат за заштита на климата и подобрување на квалитетот на воздухот. Со засадување дополнителни дрвја ќе се обезбеди подобра заштита на воздухот и заштита од топлината, особено со сè поизразените опасни топлотни бранови.

виена

Поголемиот дел од граѓаните се исклучително задоволни од донесувањето на оваа одлука и нагласуваат дека мерката во голема мера ќе им помогне на досегашните напори за заштита на климата. Освен тоа, со нив градот ќе биде уште попријатен.

- Благодарение на овој посебен буџет, побрзо ќе засадиме уште повеќе стебла, што е една од многуте мерки против ефектите на топлотните бранови предизвикани од климатските промени со кои голем дел од луѓето тешко се справуваат - изјави градската советничка Ули Сима, задолжена за заштита на околината.

Но, Виена не е единствениот град што воведува вакви промени. Бидејќи другите светски градови забрзано се загреваат, некои одлучија да го запрат тоа со садење на дрвја. Така, на пример, британската влада во рамките на своите напори во борбата против климатските години, во следните две години ќе финансира засадување на повеќе од 130.000 стебла во градовите низ Европа, а Париз ќе засади урбани дрвја на четири симболични места во градот - на места каде што никој не би очекувал. И градот каде што се изградени најголемите згради во светот е подготвен за големи промени - новиот закон во Њујорк забранува изградба на „валкани“ високи кули од стакло и челик. Њујорк е во климатска криза, па одлучи да ѝ се спротивстави со изградба на високи зелени површини и проширување на брегот на реката Ист, па така ќе го штити градот од идни урагани и високи плими во наредните децении.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот